Сирови јајца и свински нозе – дали е ова тајната на долговечноста кај стогодишниците?

КАКО да се живее до сто е една од најголемите животни мистерии, но некои луѓе сепак успеваат да го направат тоа. Ова е особено случај во таканаречените сини зони, региони во светот каде луѓето живеат подолго од просекот и каде што има најголем број стогодишници, како на пример во Окинава во Јапонија или островот Икарија во Грција.

Веќе знаеме дека тајната на долговечноста лежи во физичката активност, животот со што помал стрес и правилната исхрана, но што всушност значи таа диета? Некои стогодишници ги споделија своите тајни и открија каква храна им „помогнала“ да доживеат сто.

Јајца, овесна каша и свински нозе

Ема Морано беше најстарата жива личност на светот до нејзината смрт во 2017 година, а живееше до 117 години. Родена е во 1899 година во Италија, а во една прилика за Би-Би-Си изјавила дека верува дека нејзината старост делумно е резултат на добрата генетика, но и на исхраната, поточно на јајцата. Имено, повеќе од 90 години јадела по три јајца дневно, од кои две сирови.

Својата „тајна“ ја откри и Џеси Галан, која е родена во Шкотска, а почина во 2015 година на 109 години. Во интервју за STV News таа ја откри тајната на нејзината долговечност: „Секој ден многу вежбав, секое утро јадев топла чинија овесна каша и никогаш не се омажив“.

Додека многумина би помислиле дека тајната на долговечноста лежи во здравата исхрана полна со овошје и зеленчук (а тоа е делумно точно), еден стогодишник открил за „Тајм“ дека тајната е во исхраната богата со свинско месо, вклучувајќи ги и свинските нозе и уши. Станува збор за Џералеан Тали од Мичиген, која пред смртта во 2015 година била најстарата личност на светот, а живеела 116 години.

Тајната е во сладоледот, но и во чоколадото?

Други стогодишници кои откриле дека доживеале длабока старост поради исхраната се Ричард Овертон, кој доживеал 112 години и често јадел сладолед, како и стогодишната Жан Калмент, која тоа го припишува на маслиновото масло, виното и – чоколадото.

А Олив Едвардс, 110-годишна баба од Северен Јоркшир, ја „обвинува“ својата исхрана за нејзината долговечност – јадела три оброци дневно, а нејзината исхрана главно се состоела од лосос и аспарагус. Друга Британка, Етел Катерхам, доживеала 114 години и за „Телеграф“ открила дека умерено јаде, но дека сакала да се почасти со чоколаден еклер.

Јапонците се познати и по големиот број стогодишници, особено јапонската префектура Окинава. Јапонецот Џироемон Кимура, кој во еден момент пред неговата смрт во 2013 година беше прогласен за најстар жив човек со 113 години, рече дека престанува да јаде кога е околу 80 отсто сит.