Сирија ги прекина дипломатските односи со Украина

Сирија денеска ги прекина дипломатските односи со Украина, како одговор на претходниот таков потег на Киев.

„Сириската Арапска Република одлучи да ги прекине дипломатските односи со Украина во согласност со принципот на реципроцитет“, соопшти Министерството за надворешни работи на Сирија.

На крајот на јуни Дамаск објави дека ќе ја признае „независноста и суверенитетот“ на окупираните украински региони Луганск и Доњецк, кои прогласија независност со поддршка на Русија.

Сирија беше првата земја што призна двете самопрогласени републики.

На тој потег на Дамаск Киев одговори со прекин на дипломатските односи.

Сириското Министерство за надворешни работи соопштува дека прекинот на односите всушност настанал во 2018 година кога Украина одбила да додели резиденции на сирискиот дипломатски персонал во Киев и оти сириската амбасада престанала да работи „поради непријателскиот однос на владата на Украина“.