Сирискиот претседател Ахмед ал Шара формира нова преодна влада
Сирискиот претседател Ахмед ал Шара формира нова преодна влада, назначувајќи 23 министри во проширениот кабинет, што се смета за клучна пресвртница во транзицијата од децениското владеење на семејството Асад и подобрување на врските на Сирија со Западот, јавија светските агенции.

Бунтовниците во Сирија, предводени од движењето Хајат Тахрир ал Шам, ја презедоа власта во земјата во декември минатата година, по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Новата власт во Сирија предводена од сунитските исламисти беше под притисок од Западот и арапските земји за да формира влада што ќе ги вклучува различните етнички и верски заедници во земјата.