Син на легендарен фудбалски напаѓач бил мета на крадци, ја повредиле и неговата девојка

Куќата на холандскиот фудбалер Џастин Клајверт, инаку член на шпанска Валенсија, била мета на разбојници кои освен материјална штета повредиле и две жени.

„Тројца мажи со качулки упаднаа во куќа во Бетера, предградие на Валенсија. Притоа две жени се полесно повредени“, официјално соопшти локалната полиција, а подоцна се дозна дека една од повредените е девојката на холандскиот репрезентативец, која повикала полиција.

Украдени пари, накит и часовници, разбојниците направиле штета од околу 150.000 евра, а ова е само продолжение на грабежот на домовите на познати фудбалери во шпанската Ла Лига.

Во претходните месеци на мета беа играчите на Реал Мадрид, Бензема, Родриго и Карвахал.

Џастин Клајверт е 24-годишник кој го носи дресот на Валенсија од 2022 година, а е син на легендарниот холандски напаѓач Патрик Клајверт.