Синот на Пригожин се обидува да ја преземе Вагнер

Според Институтот за проучување на војната (ISW), Павел Пригожин (25), син на поранешниот водач на Вагнер, Евгениј Пригожин, сака да ја преземе оваа платеничка група.

Павел Пригожин преговара со руската национална гарда Росгвардия во врска со повторното ангажирање на Вагнерците во борбата во Украина, јавува ISW, повикувајќи се на профил на Telegram поврзан со групата.

Овој потег би му понудил алтернативен лидер на Андреј Трошев, кој потпиша договор со Министерството за одбрана и беше јавно прифатен од рускиот претседател Владимир Путин, кој се сретна со него минатата недела, пишува SkyNews.

Ова укажува дека „некои припадници на Вагнер се заинтересирани да се соберат околу алтернатива на Кремљ и Трошев поврзана со Пригожин“, според Институтот.

Институтот цитираше извор од Вагнер кој известува дека преговорите меѓу Павел Пригожин и Росгвардия вклучувале паравоена група која го задржала своето име, симболи, идеологија, команданти и управување.