
Синот на норвешката принцеза приведен поради напад, закана со нож и прекршување на забраната за приближување
Мариус Борг Хоиби, најстариот син на норвешката престолонаследничка, принцезата Мете-Марит, вчера повторно е приведен во Осло под сомнение за напад, закана со нож и прекршување на забраната за приближување.
Мариус Борг Хоиби, најстариот син на норвешката престолонаследничка, принцезата Мете-Марит, вчера повторно е приведен во Осло под сомнение за напад, закана со нож и прекршување на забраната за приближување.
Норвешката полиција не го откри идентитетот на жртвата или жртвите.
Хоиби е приведен два дена пред утрешното судење за поголем број кривични дела, меѓу кои и силување.
Полицијата бара четиридневен притвор за Хоиби „поради опасност дека би можел да го повтори кривичното дело“.
Хоиби (29) е син на принцезата Мете-Марит од нејзината кратка врска со осудуван криминалец, пред да се омажи за принцот Хакон.
Против Хоиби е подигнато обвинение по 28 точки, меѓу кои и четири обвиненија за силување, физичка и психичка злоупотреба, како и повеќе дела поврзани со дрога. Тој ги негира сите обвиненија.
Хоиби има забрана за приоѓање на четири жени кои го обвинуваат за силување.
Синот на идната норвешка кралица се соочува со затворска казна од 16 години. Судењето ќе трае до 19 март, а пресудата се очекува неколку недели подоцна.
Додека новообјавените документи за предаторот Џефри Епштајн откриваат дека норвешката принцеза Мете-Марит имала обемни и долгорочни контакти со него.
Најновиот сет документи за Епштајн, објавен пред три дена од Министерството за правда на САД, содржи речиси 1.000 референци за принцезата Мете-Марит. Документите вклучуваат бројни е-пораки разменети меѓу неа и Епштајн, кои сугерираат дека биле во контакт од 2011 до 2014 година.