Синот на заменик-директор на ЦИА загинал во Украина борејќи се во руската војска

Мајкл Глос, син на заменик-директорот на ЦИА за дигитални иновации, Џулијан Галина Глос, и ветеранот од војната во Ирак, Лари Глос, почина во Украина како дел од руската војска. 21-годишниот Мајкл се пријави во руската армија есента 2023 година.

Мајкл Глос пристигна во Русија во август 2023 година откако талкаше низ различни земји во светот. Веќе во септември, тој потпиша договор со руското Министерство за одбрана, поминувајќи низ регрутна точка во Москва, по што помина две недели во тренинг-центарот „Авангард“ во Московскиот регион. Во декември, младиот човек бил испратен на фронтот, иако, според познаници, тој немал намера да се вооружи. Глос бил приклучен 137.т Воздухопловен полк во Рјазан, а, судејќи според некрологот, починал на 4 април 2024 година. На тој ден, според 106. дивизија, во која бил вклучен полкот, падобранците напредувале во регионот Донецк.

Соборецот на Глос во единицата во Рјазан рече дека тој „бил страствен поддржувач на Русија и ја сакал“. „Откако се нашол во Москва, тој самиот одлучил дека сака да биде корисен во оваа специјална операција, но нема да се вооружува“, рече војникот.

Погребот на Глос во Соединетите Држави се одржа на 21 декември 2024 година. На семејството не му беа дадени никакви детали за смртта на нивниот син, рече пријател на младиот човек.