Синиша Михајловиќ почина на 53-годишна возраст по битка со ракот.
На Михајловиќ во јули 2019 година му беше дијагностицирана леукемија. Извесен период состојабата му беше подобрена, пасе врати на тренерската кариера во италијанската Серија А.Откако повторно му се влоши состојбата се повлече од терените.
-Уникатен човек, извонреден професионалец и добар со сите. Храбро се бореше против страшната болест. Им благодариме на лекарите и медицинските сестри, кои го придружуваа сите овие години со љубов и почитување. Синиша секогаш ќе биде со нас. Цел живот ќе ја носиме во себе љубовта која ни ја пружи – истакна неговото семејството.
Тој е роден во Вуковар, а својата кариера ја започна во Борово, по што настапуваше за Војводина, Црвена ѕвезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер. Со Црвена Ѕвезда ја освои титулата европски првак во 1990 година како дел од генерацијата со Дарко Панчев и Илија Најдоски, а беше и шампион на Италија со Лацио и Интер. Со Лацио триумфираше во Купот на УЕФА и Суперкупот. За репрезентацијата на Југославија одигра 63 натпревари и постигна десет голови.