Синиша Михајловиќ доби отказ од Болоња

Српскиот фудбалски тренер Синиша Михајловиќ доби отказ во Болоња, одлучил клубот, пренесуваат италијанските медиуми.

„Кориере дело Спорт“ открива дека тренерот на клубот од стадионот, Ренато Дал’Ара постигнал послаби резултати од очекувањата, бидејќи Болоња го зазема 16. место во италијанското првенство.

Тимот има три нерешени и два порази, а покрај тоа, Михајловиќ неодамна „завојува“ и со некои фанови кои го навредуваа неговото семејство.

Италијанците шпекулираат дека прв кандидат за наследник на клупата е Тиаго Мота.

Михајловиќ пристигна во Болоња на почетокот на 2019 година и на стартот ги спаси од речиси сигурно испаѓање од Серија А.

Оттогаш се обидуваше да го подобри тимот и неговите резултати, но минатата сезона ја заврши на 13-то место.

Треба да се истакне и дека клубот го поддржа во моментите кога на два пати беше откриено дека Михајловиќ има леукемија, а од болница го водеше првиот тим на Болоња и покрај многуте пречки и потешкотии.