Коста Кецмановиќ на почетокот на месецов изврши масакр во српско училиште, каде што уби девет ученици и припадник на обезбедувањето.
Српска „Република“ објави дека таткото на Коста паднал во очај во притвор и единствено нешто што кажал е поврзано со трагедијата која ја предизвика син му.
Надлежните во Централниот затвор се свесни дека такото на Коста е во тешка состојба и го држат под голем надзор.
Владимир понекогаш гласно се прашува зошто син му извршил масакр.
-Зошто сине, што направи, ни ги уништи животите. Не ни остана ништо. Нема ништо повеќе“, повторува Владимир, а пренесува српска „Република“.