Синер противник на Оже – Алијасим во финалето во Париз

Синер обезбеди место во финалето, откако во второто полуфинале без поголеми проблеми го совлада Германецот Александар Зверев од Германија со 6-0, 6-1, кој одлучи да игра и покрај проблемите со глуждот.

Италијанецот Јаник Синер и Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим ќе играат во финале на тенискиот АТП турнир од серијата Мастерс 1000 во Париз.

Синер обезбеди место во финалето, откако во второто полуфинале без поголеми проблеми го совлада Германецот Александар Зверев од Германија со 6-0, 6-1, кој одлучи да игра и покрај проблемите со глуждот.

За 24-годишниот Синер ова ќе биде деветто финале оваа година, откако освои четири титули, последната пред една недела во Виена.

Претходно освои два грен слем турнири, Австралија Опен и Вимблдон, а триумфираше и на турнирот во Пекинг, додека четири пати загуби во финалињата, на Ролан Гарос и на УС Опен, како и на турнирите Мастерс 1000 во Рим и Синсинати.

Претходно вчера , канадскиот тенисер Оже Алијасим со 2-0 во сетови го совлада Казахстанецот Александар Бублик и се пласираше во своето второ мастерс финале во кариерата.