Синер победник на Мастерсот во Монте Карло и нов број 1 на АТП ранг-листата

Италијанскиот тенисер е победник на Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло откако во финалето го совлада Карлос Алкараз со 2:0 во сетови (7:6(5) и 6:3). На тој начин Синер се врати на позицијата број 1 на АТП ранг-листата.

Ова беше прва титула на земја за Синер на турнир од рангот на серија 1.000. Тој воедно од утре ќе ја стартува 67. недела како тенисер број 1.

Италијанецот ја продолжи серијата победи на Мастерс турнирите и ова за него беше четврти триумф по победите во Париз (Берси), Индијан Велс и Мајами.

Во првиот сет Алкараз со брејк поведе со 2:0, но Синер веднаш намали на 2:1, а во тај-брејкот Италијанецот ја искористи втората сет топка. Во вториот сет повторно првиот брејк го направи Алкараз за 2:1 во гемови, а по 3:2 за противникот Синер имаше два брејка и сетот го заврши на убедлив начин со четири гемови во низа за 6:3 и победа од 2:0 во сетови.