Синер и Сабаленка изборија осминафинале на турнирот во Синсинати

Водечките на светската тениска ранг-листа во машка и во женска конкуренција, Јаник Синер и Арина Сабаленка се пласираа во осминафиналето на турнирот во Синсинати, САД.

Водечките на светската тениска ранг-листа во машка и во женска конкуренција, Јаник Синер и Арина Сабаленка се пласираа во осминафиналето на турнирот во Синсинати, САД.

Италијанскиот тенисер ноќеска, во третото коло го победи Канаѓанецот Габриел Дијало со резултат од 6:2, 7:6 (8:6). Мечот траеше 1 час и 49 минути.

Во 1/8 финалето, Синнер ќе игра против Адриан Манарино (Франција).

Белорусинката Сабаленка се пласираше во четвртото коло од турнирот, откако во 1/16 финалето синоќа ја совлада Британката Ема Радукана со резултат од 7:6 (7:3), 4:6, 7:6 (7:5). Мечот траеше 3 часа и 13 минути.

Во следниот натпревар, Сабаленка ќе игра против Шпанката Џесика Бузас Манеиро.