Синер и Алкараз финалисти на турнирот во Синсинати

Во полуфиналните натпревари, Синер синоќа го победи Французинот Теренс Атман (7:6 (7:4), 6:2), а Алкараз ноќеска беше поуспешен од Германецот Александар Зверев (6:4, 6:3).

Италијанскиот тенисер Јаник Синер и Шпанецот Карлос Алкараз ќе се борат за трофејот на турнирот во Синсинати, САД.

Во полуфиналните натпревари, Синер синоќа го победи Французинот Теренс Атман (7:6 (7:4), 6:2), а Алкараз ноќеска беше поуспешен од Германецот Александар Зверев (6:4, 6:3).

Тенисерите ќе се сретнат во финале на АТП турнирите по четврти пат.

Финалето на турнирот во Синсинати ќе се одржи утревечер со почеток во 21 часот по македонско време.