Синер: Верувам дека Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон
Новиот тениски број еден во светот, Јаник Синер успеа да дојде до број 1 за првпат, но ниту овој пат не се пласираше во борбата за трофејот на Ролан Гарос.
Синер има уште една причина да не биде премногу ентузијаст да биде крунисан на светската листа – затоа што тој не стана таков по свои заслуги. Да не се предадеше Новак Ѓоковиќ по осминафиналето, прашање е што ќе се случеше.
Главен услов за Италијанецот беше да се пласира во финалето, но тоа не го постигна. Сепак, тој некое време ќе биде сигурен на врвот на АТП листата, но смета дека и покрај проблемите со повредата и операцијата Новак Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон.
„Очекувам Ѓоковиќ да игра на Вимблдон. Неговата цел е што побрзо да се врати на теренот и тоа ќе може да го постигне веќе во Лондон. Би било голема загуба да не го видиме таму“, вели Синер.