Синдикат на Македонска Полиција поднесе кривична пријава против Спасовски

Поднесена е кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од страна на Синдикат на Македонска Полиција (СМП).

Поднесена е кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од страна на Синдикат на Македонска Полиција (СМП).

Како што соопштија од синдикатот, до ОЈО Скопје, денес била поднесена кривична пријава против лицата О.С од Куманово, поранешен Министер за внатрешни работи и Д.Ч од Велес, поранешен Претседател на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, поради постоење на основи за соменение дека сториле кривично дело “несовесно работење во службата” казниво по чл.353-в од Кривичниот законик.