Синајскиот архиепископ обвинува за обид од група монаси за негово разрешување од игумен на манастирот Света Катерина

Група од 15 монаси од синајскиот манастир Света Катерина вчера гласале и одлучиле да се разреши архиепископот Дамианос од функцијата игумен на манастирот, за што самиот архиепископ излезе со соопштение во кое говори за „неправилни дејствија“ и ги обвинува за поделба и водење на манастирот во состојба на „вавилонско ропство“, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, донесената одлука на монасите била испратена на ратификација до Ерусалимскиот патријарх.

Архиепископот Дамианос, кој воедно е и игумен на манастирот во опширното соопштение што го објавува „Катимерини“ се осврнува на неодамнешните одлуки на египетскиот суд за статусот на манастирот, коментирајќи дека „кога обидите и напорите да се зачува актуелниот статус почнаа да вродуваат со плод и се врати надежта“, одредени отци од манастир „заговорат да ги погазат Божествените и свети канони и Основните прописи на Светиот Синајски манастир“.

– Ги затворив очите и ушите пред она што го правеа за да не ни биде одвлечено вниманието од главната цел да се зачувува вековниот статус на Светиот Манастир. Меѓутоа, нивните неканонски постапки веќе го скандализираат верниот народ Божји, го поткопуваат единството на братството, го водат манастирот во „вавилонско ропство“ и, пред сè, им нудат најдобра услуга на оние кои сакаат голгота на Светиот Манастир да не заврши, пишува во соопштението на архиепископот.

Додава дека „она што го прават без страв од Бога, срам и свест, претставува пуч против Црквата“.