
Симптоми на труење од храна од штипската сендвичара имаат 15 деца
➡Епидемиологот во Центарот за јавно здравје Штип, Светлана Живкова вели дека земени се примероци од инкриминираната храна за лабораториско испитување и брисеви од работните површини, а резултатите ги очекуваат најдоцна до утре и ќе ги објави Институтот за јавно здравје.
Петнаесет ученици од штипско средно училиште, кои минатата недела на големиот одмор јаделе сендвичи од блиската седндвичара-киоск имале симптоми на труење.
Епидемиологот во Центарот за јавно здравје Штип, Светлана Живкова вели дека земени се примероци од инкриминираната храна за лабораториско испитување и брисеви од работните површини, а резултатите ги очекуваат најдоцна до утре и ќе ги објави Институтот за јавно здравје.
-Направивме епидемиолошко анкетирање на сите пријавени лица. Извршена е едукација на вработените во однос на начинот на спремање на храна, складирање, чување на храната, на лице место тоа е спроведено. Дополнително се дадени предлог мерки и земени се брисеви од вработените. Направен е и вонреден санитарен преглед им е направен и плус се земени мостри од храна за испитување, вели Живкова.
Таа посочи дека објектот е затворен и од Државен здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) и од Агенцијата за храна и ветеринство. Живкова додава дека денеска ќе се изврши и дезинфекција по биолошки индикации и механичко чистење на објектот.
Во текот на вчерашниот ден Агенцијата за храна и ветеринарство информираше дека по добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип дека пет лица се здобиле со симптоми на труење, извршиле инспекциски надзор во сендвичарата, земени се примероци од инкриминираната храна за лабораториско испитување и брисеви од работните површини.