Симон Трпчевски издаде нов албум за престижната британска куќа „Лин Рекордс“

Македонскиот пијанист со светска слава, Симон Трпчевски, издаде нов албум за престижната британска куќа „Лин Рекордс“.

На албумот, Трпчeвски соработува со романскиот диригент Кристијан Мачелару и Симфонискиот оркестар на WDR од Келн, Германија, изведувајќи ги двата концерта за пијано и оркестар од Јоханес Брамс.

„Беспрекорната техника на Трпчевски и чувствителното свирење на оркестарот обезбедуваат задоволство за пијанофилите“, вели издавачот „Лин рекордс“.