Симона Халеп исфрлена од УС Опен поради допинг

Поранешната најдобра тенисерка на светот Симона Халеп поради допинг е исфрлена од УС Опен.

Халеп се пријави за учество на турнирот, но денеска и официјално беше отстранета од списокот на натпреварувачи поради суспензија поради допинг.

Најдобрата романска тенисерка во историјата беше привремено суспендирана на една година во октомври 2022 година, откако беше позитивна на тестот за забранетата супстанца роксадустат, која го стимулира производството на црвени крвни зрнца, на минатогодишниот УС Опен.

Халеп ги отфрли обвинувањата дека свесно ја земала супстанцата, тврдејќи дека направила десет тестови откако била позитивна, од кои сите биле негативни.

Таа падна на 1.140 место на ВТА поради неиграње на турнири, а се пријавила на турнирот во САД бидејќи верувала дека казната ќе и биде поништена.

Меѓународната тениска федерација веќе неколкупати одби да ги препознае еден од десетте нејзини последователни тестови, па затоа и Тениската асоцијација на САД денеска реагираше и ја отстрани од списокот на учесници на овогодинешниот турнир, кој започнува следниот понеделник.