Професорката Гордана Силјановска Давкова е единствената што се пријавила на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија до денеска кога е крајниот рок за поднесување на пријава.
Таа поднела план, прграма и потребен број на потписи на делегати.
Таа е актуелен пратеник во Собранието, а за нејзината кандидатура ќе се одлучува од страна на делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател која ќе се одржи на 02 март 2024 година.
Кандидат пак на СДСМ за претседател, неофицијално ќе биде актуелниот претседател, Стево Пендаровски.