Претседателката Гордана Силјановска Давкова е должна да го потпише Законот за реорганизација на министерствата, затоа што нема право на вето, со оглед дека е изгласан со 2/3 мнозинство.
Се очекува во најскор можен рок да биде потпишан, и да се формира новата влада.
Веќе почнаа да се појавуваат првите имиња за министри за заменици министри во јавноста. Се очекува идната недела да бидат назначени новите министри во 20-те министерства.
Како што е познато, бројот на министерства од 16, со новиот закон се зголеми на 20, а ќе има 24 министри, односно четири ќе бидат без ресор.