Силјановска Давкова: Во ЕУ само ако станеме нормална држава со почитување и практикување на вредностите

ВМРО – ДПМНЕ и партиите од коалицијата што ја предводат кампањата за претседателските избори ја започнаа со голем митинг пред зградата на Владата.

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова обраќајќи се на митингот рече дека мора да ги почитуваме темелните вредности на нашиот уставен поредок.

-Ама и во какви било односи кон надвор со држави поголеми од нас, па и со сојузи како што е ЕУ, ние вистинските европјани, имаме обврска да потсетуваме на темелните вредности, оти без нив нема ниту демократија, ниту просперитет, ниту мир.

Не се оди во Европа со реторика ЕУ, НАТО, НАТО ЕУ.

Не, туку со почитување на вредностите и со практикување на вредностите само ако станеме нормална, стандардна држава, ќе бидеме во рамките на ЕУ, рече Силјановска Давкова.

Тие членството во ЕУ, вели таа, го замислуваат како качување на воз што оди кон Брисел. Не, додаде кандидатката за претседател, Брисел треба да дојде овде. -За овие години тие ништо од тн.копенхагенски критериуми не спроведоа. Ние ќе го сториме тоа. Кога нема ништо да направите, и кога ќе бидете во конфузија, што ви преостанува, само хорски да пеете нешто во што не верувате.

Нема потреба од повторување за нешто што постои, рече Силјановска Давкова. Таа посочува дека тие ветуваат реформи, а тоа значи дека не ги направиле.

На гласачите им порача да ја прочитаа платформата на кандидатката за претседател Силјановска Давкова, како и нивната програма и планираните проекти.

Им порача на пензионерите дека пензиите ќе бидат покачени за 5000 денари и дека ќе им го вратат достоинството.

На младите им порача да не се откажуваат од Македонија и побара да им го дадат својот глас и да се вклучат во промените, додека на работниците им кажа дека мора заедно да се изборат за поголеми плати, почит и достоинство.

– Порака до бизнисмените – од вас зависи дали петмина од ДУИ и слугите и измеќарите под СДСМ ќе ја видат државата.

Или ќе го одобрите рекетот на ДУИ и СДСМ или ќе се приклучите на промените и ќе направиме ред во бизнисот, рече Мицкоски, кој исто така упати порака и до земјоделците, докторите.

На албанската опозиција и порача дека сакаат да коалицираат со нив, но да се почитуваат. Упати порака и до ДУИ, но и до идните функционери на ВМРО-ДПМНЕ.