Северозападниот дел на Хрватска е „нападнат“ од силно невреме со грмотевици, а дувал и силен ветер со пороен дожд, јавуваат утринава хрватските медиуми.
На подрачјето на Бјеловар и Копривница синоќа морале да интервенираат и пожарникарите за отстранување на дрвја и гранки од сообраќајниците, а имало и повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија, пренесува „Хина“.
Во Копривница и околината пожарникарите цела ноќ биле на терен и ги отстрануваа последиците од невремето. Ветрот скршил многу дрвја, дел од патиштата биле привремено непроодни.