Силно невреме проследено со дожд и град со големи на орев го погоди Охридско – струшкиот регион.
Од УХМР информираат дка регионот бил зафатен од силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
Силно невреме го зафати и кичевскиот регион.
Од Центарот за управување со кризи велат граѓаните каде што гледаат критични точки од поројот или попречување на пат да пријават на 112 или во Општината, а и директно во локалните комунални претпријатија, додека за испумпување вода во Пожарна и Дирекцијата за заштита и спасување.