Силно невреме во Хрватска: Со лопата чистевме мраз, вакво нешто не паметиме

„Не се сеќавам на вакво нешто. Слушнавме дека од БиХ испукале ракети. Да не го направеле тоа, можеби ќе беше полошо. Собиравме мраз со лопати. Траеше 15 минути, а градот беше голем“, вели жител во околината на Славонски Брод.

Силно невреме вчера во делови на Хрватска. Во Славонски Брод и околината наврна голема количина дожд и град за 15 минути, а жителите велат дека одамна не паметат вакво нешто.

„Не се сеќавам на вакво нешто. Слушнавме дека од БиХ испукале ракети. Да не го направеле тоа, можеби ќе беше полошо. Собиравме мраз со лопати. Траеше 15 минути, а градот беше голем“, вели жител во околината на Славонски Брод.

Хрватските медиуми јавуваат дека градот во околината кршел гранки и уништувал садници, и дека е нанесена голема материјална штета.

„Не се сеќаваме кога имало вакво нешто. Градот беше огромен, удираше по покривите, уништи автомобили… Страшно“, коментира еден од жителите.