
Вчера силно невреме пропратено со град најпрво ја зафати западна Србија, а потоа се прошири и во другите делови на земјата. На места наврнале и до 50 см дожд на метар квадратен.
Огромното количество на врнежи за кратко време направи хаос во некои делови од главниот град, каде дождот се истури како од кофа, а бурниот ветер однесе дел од покривната конструкција на Паунов брег во Вождовац.
Белграѓани на социјалните мрежи споделија апокалиптични фотографии и видеа од силно невреме и поплава, а тврдат и дека град со големина на јајце и тениско топче паднал на Нов Белград.
Читателите на Курир објавија дека врз Славија паднало дрво, како и дека центарот на Земун попладнето останал без струја, додека ветрот ги откорнал каблите за струја во Бели воде.
Во тунелот Теразија и во Автокоманда имало поплава, додека дрво паднало врз еден возач. Поради силните налети на ветерот паднал дел од покривот од станбена зграда на Паунов брег, а возила во некои делови од градот останале заглавени во поплавата.
Републичкиот хидрометеоролошки завод претходно издаде низа предупредувања за значителни временски промени и најави невреме на територијата на Србија. Во согласност со издадените предупредувања, градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, нареди зголемен ангажман на целокупниот комунален систем на градот и општинскиот штаб за вонредни ситуации.
-Имајќи предвид дека преку предупредувањето за краток временски период на поширокото подрачје на град Белград се најавени од 30 до 50 литри врнежи со појава на силен невреме и град, апелираме до граѓаните да се подготват согласно предупредувањата и да не излегуваат надвор без потреби за заштита, бидејќи невремето се очекува попладне и ќе трае неколку часа. Ги замолувам моите сограѓани да внимаваат на работите што ги имаат на терасите, рамните покриви и навреме да ги обезбедат и да ги остават – нагласи Шапиќ, а вчера објави Беоинфо.
Силно невреме пропратено со грмежи и град го зафати и Горњи Милановац, каде на мета на невремето беа и селата Коштуница, Леушица, Прањани, каде беа оштетени земјоделските култури, пишува Рина.
– Како тајфун да помина низ нашето домаќинство. По невремето остана само пустош. Се собраа небото и земјата, град со големина на лешник удри по нивите и посевите што цело лето ги подготвувавме – изјавил за Рина еден од мештаните.