Силно невреме со грмотевици, придружено со урагански ветрови го погоди бугарскиот град Бургас, јави дописникот на агенцијата БГНЕС.
Ситуацијата во црноморскиот град е многу комплицирана, а причинета е сериозна материјална штета.
Информациите се дека има многу паднати дрвја кои скршиле многу автомобили.
Не биле поштедени ниту зградите, има паднати покриви, а исто така се откорнати и големи делови од малтерот на блоковите.
Регионалната канцеларија за заштита од пожари и заштита на населението во Бургас, исто така, добила над 50 пријави за разнесени покриви и паднати дрвја.
Координативниот центар за поморско спасување потврди дека едно лице паднало од јахта во морето кај Поморие. Од таму рекоа дека во моментов се организира спасувачка акција.
Целиот град Поморие е без струја поради многу тешка сообраќајна несреќа.