Силно невреме во близина на Солун, ветрот предизвика торнадо во морето

Областа околу Неа Плагија, лоцирана на 40-тина километри јужно од Солун, денеска ја зафати силно невреме со силен ветар, кое според информаците на социјалните мрежи носело чадори и лежалки по плажата, а за време на олујата во морето се создала т.н. морска пијавица, односно торнадо..

Од силниот ветер повредени се најмалку четири лица, од кои едното било префрлено во болница.

Останатите тројца се здобиле со полесни повреди и им била укажана прва помош.