Силниот ветер искрши гранки од дрвја во Центар

Силниот ветер искрши гранки од дрвјата во центар, во близина на хотелот Мериот и Комерцијална Банка.

Од УХМР соопштија дека денес попладне ќе има невреме со силен пороен дожд, град и засилен ветер од 60 километри на час.