Денеска имало силна експлозија на улицата Загребачка во Сплит. Според првите информации неколку лица се повредени. Се работи за експлозија на гас во ресторан за брза храна, јавува Далмација Данас.
Како што неофицијално дознава хрватскиот весник, готвачот на ресторанот е тешко повреден, додека неколку лица кои чекале пред брзата храна се полесно повредени. Станува збор за странски државјани.