Две лица загинаа, а 26 се повредени во експлозија што се случи денеска во ресторан во провинцијата Хебеи во северна Кина, соопштија локалните власти.
Се претпоставува дека дошло до истекување на гас во ресторан во округот Санхе, градот Лангфанг, што ја предизвикало детонацијата, соопшти Канцеларијата за вонредни ситуации, пренесува „China Daily“.
Драматичниот момент на експлозијата стана вирален на социјалните мрежи, објави ET NOW.
На терен се испратени вкупно 154 пожарникари и 36 противпожарни возила. Пожарот е ставен под контрола, а операцијата за спасување е во тек, соопшти пожарникарската служба на градот Лангфанг.