Силен тајфун го погоди Хонгконг

 

Во Хонг Конг најмалку 55 лица денеска завршија во болници поради повреди предизвикани од тајфунот Саола.

Властите во Хонг Конг утрово известија дека околу 500 жители побарале засолниште во итни засолништа поради невремето.

Во петокот вечерта тајфунот Саола стигна до бреговите на јужна Кина и Хонг Конг, носејќи силен дожд и налети на ветер.

Кинеската метеоролошка служба предупреди дека Саола може да стане најсилниот тајфун во регионот од 1949 година. Од синоќа Хонг Конг ги затвори сите училишта и градинки.

Повеќето летови исто така беа откажани.

До утрово ситуацијата во финансиската метропола донекаде се смири. Сепак, локалната метеоролошка служба ја повика јавноста да остане внимателна. Саола е деветти тајфун во регионот оваа година.

Силните циклони се повторуваат во текот на летните месеци и погодуваат бројни земји во Југоисточна Азија.