Силен земјoтрес го погоди Халкидики

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди Егејското Море, недалеку од Халкидики во Северна Грција.

Имено, како што информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот бил почувствуван на 20 километри југоисточно од населбата Неа Роди и 109 километри источно од Солун.

Епицентарот е измерен на длабочина од 15 километри, додека засега нема информации за материјална штета.

„Кратко се тресеше“, „Ништо страшно, но се почувствува неколку секунди“, „Кратко, но силно“, ова се само дел од сведочењата на граѓаните кои го почувствувале потресот.

На Халкидики во моментов одморот го поминуваат голем број македонски граѓани.