Силен земјотрес ја стресе Турција

Нов силен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во централна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот е регистриран денеска во 19 часот и 47 минути и е на длабочина од 5 километри. Земјотресот бил со епицентар на 68 километри од турскиот град Кахраманмарас, кој беше еден од најтешко погодените од земјотресите на 6 февруари. Според очевидци, тоа траело околу 10 секунди.

Следеа два последователни потреси во областа. 3,2 степени според Рихтеровата скала четири минути подоцна и 4 степени според Рихтеровата скала во 20:05 часот.

Повеќе од 52.000 луѓе загинаа во Турција и Сирија во разорниот земјотрес ноќта на 6 февруари, по што беше проследен со нов силен потрес подоцна во текот на денот и многу последователни потреси.