Силен земјотрес ја погоди Италија, почувствуван низ Европа

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди ноќеска Италија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди ноќеска Италија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил во отворено море, на длабочина од 375 километри и на околу 43 километри од Неапол.

Според сведоштва на очевидци објавени на страницата на EMSC, потресот бил почувствуван во повеќе европски држави.

Очевидци наведуваат дека земјотресот се почувствувал во Задар, на Малта, во швајцарскиот град Лугано, па дури и во Словачка.

Засега нема информации за повредени лица или материјална штета, пренесува „Кориере дела Сера“.

Не е издадено предупредување за опасност од цунами.