Силен земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во 14 часот и 13 минути во Босна и Херцеговина.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 40 километри северозападно од Зеница, односно 18 километри југозападно од Теслиќ на длабочина од три километри, пренесува EMSC.

Многу граѓани почувствуваа тресење на земјата, пренесуваат тамошните медиуми.