Силен земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала уринава е регистриран кај островот Лефкада во Грција, јавуваат грчките медиуми. Засега нема информации за штети и повредени.
Епицентарот на земјотресот бил во морето, на 16,5 километри од градот Василики, соопшти Националната опсерваторија од Атина.
Претходно Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека епицентарот бил многу плиток, на само два километри, со јачина од 5,2 степени.
Според прелиминарните сеизмички податоци, земјотресот најверојатно го почувствувале мал број луѓе во областа во близина на епицентарот.
Островот Лефкада се наоѓа во сеизмичка зона и земјотресите не се невообичаена појава.
Земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала од 2015 година предизвикал големи штети на островот, а во таа прилика животот го загубиле две лица.