
Силен земјотрес на границата меѓу Турција и Грција
Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала се случи ноќеска на границата меѓу Турција и Грција, во близината на Фетије, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала се случи ноќеска на границата меѓу Турција и Грција, во близината на Фетије, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот бил почувствуван на грчкиот остров Родос.
Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 30 километри, североисточно од Родос.
Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил почувствуван и во блиските турски крајбрежни градови, а многу луѓе биле разбудени од силниот потрес.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.