Силен земјотрес како на Камчатка се случува во зони на интеракција на големите тектонски плочи

Земјотрес со магнитуда од 8.7 Рихтерови степени е навистина огромен настан. Земјотреси со толку голема јачина обично се случуваат во зони каде што постои интеракција на големите тектонски плочи, помеѓу кои се акумулира огромно количество енергија како резултат на големите напрегања на кои се изложени овие плочи, изјави за МИА раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, проф. д-р Катерина Дрогрешка, во врска со земјотресот што вчера го погоди полуостровот Камчатка.

Земјотрес со магнитуда од 8.7 Рихтерови степени е навистина огромен настан. Земјотреси со толку голема јачина обично се случуваат во зони каде што постои интеракција на големите тектонски плочи, помеѓу кои се акумулира огромно количество енергија како резултат на големите напрегања на кои се изложени овие плочи, изјави за МИА раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, проф. д-р Катерина Дрогрешка, во врска со земјотресот што вчера го погоди полуостровот Камчатка.

Земјотресот на Далечнот Исток бил регистриран од телеметриската сеизмолошка мрежа – сеизмолошките станици низ државава, вчера (30 јули) во 1 часот и 24 минути со епицентар кој потекнува од источниот брег на рускиот полуостров Камчатка, со Рихтерова локална магнитуда 8.7.

-Според класификацијата на ослободена енергија, земјотресот е во групата на многу силни земјотреси. Последователната сеизмичка активност после толку силен земјотрес вообичаено трае подолг временски период, со зачестени серии на силни и умерени земјотреси, чии магнитуди се до 5.0 степени, вели Дрогрешка.

Земјотрес со магнитуда од 8.7 Рихтерови степени е навистина огромен настан. Земјотреси со толку голема јачина обично се случуваат во зони каде што постои интеракција на големите тектонски пло

Појаснува дека земјотресот е последична појава во зона на субдукција на две тектонски плочи – Охотската микроплоча (Okhotsk mircoplate) – дел од големата Северноамериканската плоча и големата Тихоокеанска плоча.

-Веднаш по земјотресот следува и појава на цунами со висина од неколку метри. Жариштето на земјотресот е доста плитко, на длабочина од околу 20 километри, предизвикувајќи интензивно и долго тресење на тлото. Во оваа зона на субдукција се генерираат силни земјотреси, честопати предизвикувајќи цунами, а пример за тоа е земјотресот во ноември 1952 година со локална магнитуда 9.0 и висина на брановите до 12 метри, изјави раководителката на Сеизмолошката опсерваторија.

Во однос на сеизмичката активност во нашиот регион, таа посочува дека според нивните истражувања, „територијата на Македонија отсекогаш била изложена на умерено силни до силни земјотреси, со зачестена појава на послаби земјотреси“.

-Сепак, земјотрес со магнитуда 8.7. како вчерашната не се очекува да се случи на територијата на Македонија, вели Дрогрешка.

 

Територијата на на нашата држава, во тектонска смисла, наведува таа, „е еден од источните делови на Медитеранската орогена област на Алпско-хималајски ороген појас.

-Се одликува со висока сеизмичка активност – последица на динамизирањето во времето на (инаку) постојаната колизија помеѓу трите големи тектонски плочи: Евроазиската, Арапската и Африканската, што создава големи напрегања. Овие се пренесуваат во внатрешноста на Земјината кора, причинувајќи деформации и ломења, создавајќи планини, долини и внатреплочни дислокациски структури – раседи. Интеракцијата помеѓу внатреплочените т.н. мали тектонски плочи ги создаваат земјотресите на нашата територија, појаснува Дрогрешка.

Најсилен земјотрес на копнениот дел на Балканскиот Полуостров е од 1904 година во пограничното подрачје Пехчево – Кресна, со локална магнитуда 7.8. Во светот најсилен земјотрес е регистриран во Чиле во 1960 година, со магнитуда 9.5 Рихтерови степени.