Силен земјотрес во Јадранот – се стресе брегот на Италија
Силен земјотрес го потресе брегот на Италија во четвртокот околу 11:20 часот.
Епицентарот на земјотресот бил во Јадранското Море, 76 километри од Пескара и 23 километри од Сан Бенедето дел Тронто во Италија.
Иако според првите информации земјотресот бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, на крајот било соопштено дека земјотресот бил со јачина од 4,5 степени.