Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Црна Гора.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил измерен на длабочина од 11 километри, на 73 километри северозападно од Подгорица и 28 километри од Никшиќ.
Засега нема информации за евентуална материјална штета, а како што се наведува на веб-страницата, земјотресот е почувствуван и во Босна и Херцеговина.