Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот брег на Тајван.
Локалната метеоролошка служба соопшти дека зградите во главниот град Тајпеј накратко се треселе, но нема извештаи за штета.
Ројтерс јавува дека епицентарот на земјотресот бил во морето кај округот Хуалиен, на длабочина од 22,4 километри.
#Earthquake of magnitude 5.4 jolts #Taiwan, no reports of damagehttps://t.co/KhgJMFDhxU pic.twitter.com/H816qz3ab3
— Hindustan Times (@htTweets) November 26, 2023
Британскиот медиумски сервис потсетува дека Тајван се наоѓа на спојот на две тектонски плочи, поради што островот е подложен на земјотреси.
Повеќе од 100 луѓе загинаа во земјотресот во 2016 година што го погоди јужниот дел на Тајван, додека во земјотресот од 7,3 во 1999 година загинаа повеќе од 2.000 луѓе.