Два земјотреси рано утринава се регистрирани во Петровац на Млава, Србија.
Првиот земјотрес бил со јачина од 4,1 степени, додека вториот 2,4 степени според Рихтеровата скала, објавено е на официјалната веб-страница на Сеизмолошкиот завод.
Двата земјотреси се регистрирани на длабочина од седум километри.
Во овој град земјотрес беше регистриран и во неделата на 3 декември.
Тогаш исто така беа забележани два земјотреси, првиот со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, додека вториот 2,6 степени.
#Earthquake (#sismo) possibly felt 8 sec ago in #Chile (detected from @SismoDetector). Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/JReAT9VN35— EMSC (@LastQuake) December 7, 2023