Силен земјотрес во Романија
Силен земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Романија, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот се случил нешто по 17 часот, а епицентарот бил во близина на градот Нехоју.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 136 километри.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.