Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,3 степени попладнево бил регистриран во Грција, а на социјалните мрежи граѓаните споделуваа дека бил почувствуван и во Македонија. Земјотрес со јачина од 5,3 степени попладнево бил регистриран во Грција, а на социјалните мрежи граѓаните споделуваа дека бил почувствуван и во Македонија.

Земјотрес со јачина од 5,3 степени попладнево бил регистриран во Грција, а на социјалните мрежи граѓаните споделуваа дека бил почувствуван и во Македонија.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, 62 километри североисточно од Солун.

Најблиско населено место до епицентарот е Нова Мудања на Халкидики, град со под 10 илјади жители.

Според ЕМСЦ, пријави дека земјотресот бил почувствуван има и од Македонија и Бугарија.

Се уште нема информации за евентуална материјална штета.