Сиднеј: Руски хакери украле податоци на околу 10 милиони корисници

Хакери од Русија се одговорни за сајбер нападот врз осигурителната компанија Медибанк и за кражба на податоци на околу 10 милиони поранешни и сегашни корисници, соопшти денеска Австралиската федерална полиција (AFP).

Групата сајбер-криминалци зад кражбата на податоци во Медибанк најверојатно е одговорна за други големи упади во различни системи ширум светот, рече началникот на Федералната полиција, Рис Кершо, според Ројтерс.