Бројот на убиени во денешниот напад со нож во трговскиот центар „Westfield Bondi Junction“ на истокот на Сиднеј се зголеми на седум, вклучувајќи го и напаѓачот, јавуваат прекуокеанските медиуми.
Мајката на малото дете кое беше тешко повредено заедно со уште седум лица во нападот, според извештајот, им подлегнала на повредите.
Напад со нож во трговскиот центар „Westfield Bondi Junction“ на истокот на Сиднеј, се случил попладнево според локално време, а напаѓачот бил убиен од полицијата, изјави претставникот на австралиската полиција, Ентони Кук.