Тедрос Аданом Гебрејесус – генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) го повика „светот да се обедини и да донесе тешки одлуки потребни за да се стави крај на пандемијата на Ковид-19 следната година“.
„2022 мора да биде година кога ќе ставиме крај на пандемијата“ изјави тој.
Гебрејесус призна дека „сите сакаме да поминуваме време со пријателите и семејството. Сите сакаме да се вратиме во нормала. Но, за да се вратиме во нормала, треба да се заштитиме сега бидејќи случаите на Омикрон, кој многу брзо се шири, се зголемуваат“.
Со оглед на тоа што бројот на новозаразени со сојот Омиктор многу брзо се зголемува, Тедрос истакна дека е подобро да се откажат настаните „сега и да се слави подоцна отколку да се слави сега и да се тагува подоцна“.