Се уште гори во Хрватска – канадерите се во воздух, стотици пожарникари на земја

Пожарот од мешана вегетација и густа борова шума кај Солин, во областа Рупотин, се прошири на моментално проценета површина од 150 хектари, соопшти денеска Хрватската противпожарна бригада.

Во интервенцијата за гаснење на пожарот учествуваат 151 пожарникар со 48 противпожарни возила од 21 противпожарна единица: ДВД Солин, а во итно распоредување се пожарникари од градот Загреб, од кои 26 со девет возила.

„Пожарот е сè уште активен на северната страна во непристапниот дел на Козјак во правец на Коњско, а таму моментално работат двајца пожарникари. Цела ноќ се санираа периферните делови од пожарот, а нема закана за куќите – изјави главниот командант на пожарникарите Славко Туцаковиќ.

На ова подрачје вчера попладне избувна пожар. Еден пожарникар од ДВД Слатина добил изгореници од прв степен на увото и носот, објавија хрватските медиуми.